Англиската Премиер лигата од почеток на сезонава вметна ВАР технологија која на судиите треба да им биде од голема помош во донесување на одлуки во деликатни ситуации. Сепак менаџерите, фудбалерите и стручните аналитичари не се задоволни од ВАР системот, бидејќи тој не донесол некаков напредок во фудбалот туку го убива темпото на играње со прегледување на снимките.
Најгласен околу неправилното користење на ВАР системот беше менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп. Германецот реагираше за наводен фаул пред голот кој го постигна Манчестер Јунајтед во дербито со Ливерпул на Олд Трафорд.
- На Манчестер Јунајтед му беше признат погодок кој покажа многу проблеми околу ВАР системот. – рече Клоп после натпреварот.
Истото мислење го дели и фудбалерот на Ливерпул, Енди Робертсон. – Во Премиер лигата нема место за импровизации и тестови. Се мора да биде совршено. Ако во случај да не е максимално подготвено да се користи ВАР системот зошто го воведувавме.
Топката ја спушти поранешниот судија Мајк Рајли. Тој моментално ја извршува функцијата директор на судиската организација која се соочуваше со многу напади изминатиов период.
- Судијата секогаш има право да оди и да прегледа на мониторот дали исправно донел одлука. Меѓутоа, мораме да внимаваме проверките да не влијаат на темпото на натпреварот. – изјави Рајли.
Иднината на ВАР системот ќе зависи од одлуката на кризниот состанок кој ќе се одржи со екипата од Премиер лигата. Англичаните од најсилните лиги последни вметнаа ВАР систем а први беа во воведувањето на гол-технологијата.
OhridNews