Родителите во Британија скоро ништо не разбираат кога ги слушаат тинејџерите кога разговараат. Поради тоа на интернет е отворен речник кој ќе им помогне да ги разберат своите деца. Веб страната www.gotateenager.org.uk им помага на родителите да останат во контакт со своите деца чиј речник станува се понеразбирлив.
„Зборовите кои тинејџерите ги употребуваат се буквално неразбирливи. Како во говорот, така и во пишувањето. Неверојатно е колку се разликува од говорот на нивните родители“ – рекол иницијаторот на веб страната, Никола Ман.