Англија или лулката на фудбалот е земја каде се почитува и аплаудира на противникот, земја каде ривалитетот без разлика колку е голем останува на теренот и земја каде фудбалот претставува религија, а не спорт. Затоа, англичаните останаа во шокирани од транспарантетот истакнат од симпатизерите на Барнли во текот на мечот со Манчестер Сити на Етихад. Тие истакнаа парола „Белиот живот е важен, Барнли“, јасно алудирајќи на паролата „Црниот живот е важен“ со која голема група на луѓе протестираат во САД и целиот свет.

Капитенот на Барнли, Бен Ми го искритикува потегот на симпатизерите и рече дека вакви работи не смеат да се случуваат на терените.

Не можев да разберам што се случува, но кога видов во соблекувалните стварно се разбуди голем гнев и разочарување во мене. Клубот излезе со соопштение јас го подржувам целосно и мора да се стави точка на ваквите испади. – изјави Ми.

Пеп Гвардиола тешко го прифати инцидентот но изјави дека е среќен поради реакцијата на противничкиот клуб кој веднаш се направи да се откријат сторителите и што побрзо да се реши и заборави немилата случка.

Манчестер Сити на теренот го растури Барнли и славеше со убедливи 5-0.

OhridNews