Селекциите на Италија и Англија ќе разигруваат за големиот трофеј во финалето на Европското првенство, кое ќе се одигра в недела на 11 јули на „Вембли“.

Англичаните на „азурите“ им се придружија, откако во полуфиналето, после дополнителни 30 минути ја совладаа Данска со 2-1. Италија, пак, во полуфиналната пресметка беше подобра од Шпанија на пенали.

Данска го најде лекот за несовладливата Англија и со погодокот на Дамсгард од слободен удар поведе со 1-0. На „гордиот албион“ не му требаше многу време да се соземе и преку Кјаер кој си постигна „автогол“ стигна до егал.

Во регуларните 90-минути немаше победник, мечот отиде во продолженија. Во дополнителните триесет минути Англија постигна погодок и ја обезбеди победата. Прецизен беше Кејн кој од втор обид од белата точка го совлада Шмајхел. Пеналот беше контроверзен и остави големи дилеми дали беше прекршокот за најстрога казна.

Англија во финалето ќе го лови првиот трофеј од европските првенства во историјата, а Италија вториот.

OhridNews