Англиската фудбалска селекција е најновиот учесник во 1/4 финалето на Европското првенство, откако „гордиот албион“ на „Вембли“ стадионот со 2-0 (0-0) ја совлада Германија.
Едно од најголемото дерби кога се работи за судар на две репрезентации изобилуваше со големо тактичко надмудрување на средината од теренот. Англија со два голови во второто полувреме ја осигура победата и пласманот во топ 8.
Првата прилика им припадна на германците. Вернер изби сам, но Пикфорд беше на место и добро реагираше. Англичаните се заканаа преку Стерлинг и Мегвејер.
Во второто полувреме Германија повторно ја имаше првата шанса. Хаверц распали, но повторно на висина од задачата беше Пикфорд. Награда за две добри интервенции на англискиот голман стигна преку Стерлинг, кој во 75-та минута погоди за 1-0. Неколку минути подоцна Милер имаше шанса да донесе егал, но се посрамоти, шутирајќи покрај голот во ситуција „еден на еден“ со Пикфорд. Англија победата ја запечати преку Кејн. Капитенот реализираше во 86-та минута.
Англија во 1/4 финалето ќе се сретне со победникот од последната пресметка од осминафинале во која ќе се сретнат Шведска – Украина.
OhridNews