Репрезентацијата на Англија ги комплетираше селекциите учеснички во полуфиналето на Европското првенство во фудбал. „Гордиот албион“ во 1/4 финалето полесно од очекувањата со убедливи 4-0 (1-0) ја совлада Украина.

Избраниците на Герет Саугејт за влез во финалето ќе се борат со Данска, која е најпријатно изненадување на најновото издание на ЕП.

Англичаните кон топ 4 тргнаа со погодок уште во 4-та минута. Хари Кејн го матираше украинскиот голман за почетно водство. Со тој резултат се замина на одмор и покрај шансите на двете страни. Во втората минута од второто полувреме Хари Мегваер погоди за 2-0. На 3-0 зголеми Кејн со вториот погодок на мечот, а конечните 4-0 ги постави Џордан Хендерсон.

Полуфиналните мечеви се играат на 6 и 7 јули, на култниот „Вембли“.

OhridNews