А репрезентацијата се пласираше во финалето од плејофот во Лигата на Нации, откако на домашен терен со 2-1 ја совлада селекцијата на Косово. На Македонија и треба победа во Грузија против истоимената репрезентацијата за остварување на сонот-пласман на Европско првенство.
Заслуживме да победиме и да се радуваме. Имаме краток временски период да се радуваме за победата над Косово, бидејќи мора да се насочиме кон следните два мечеви во Лигата на Нации и потоа за дуелот со Грузија во финалето. Покажавме сплотеност и не се поделивме по ниту една основа. – изјави селекторот Игор Ангеловски.
Тој упати благодарност до Елиф Елмас кој преку видео порака им испрати поддршка на фудбалерите пред натпреварот со Косово. Елмас на дуелот со Косово не настапи поради позитивниот тест на коронавирусот. Непосредно пред натпреварот Наполи инфомираше дека Елмас е негативен на вториот тест, но беше предоцна да пристигне во Скопје.
OhridNews