Македонската фудбалска репрезентација го претрпе третиот пораз во серија на контролните мечеви откако изгуби од Бугарија (2-0) на домашен терен.


Во трите порази Македонија не успеа ниту погодок да постигне, што е повеќе загрижувачко од поразите.

– Со пораз никогаш нема бидам задоволен иако игравме против квалитетен противник. Имаше борбеност, ангжираноста беше на ниво, но, мора да бидеме побрзи во фазата на напад бидејќи противници како Бугарија не оставаат премногу простор. Јас самиот побарав да играме со поквалитетни селекции од нас за да имам што подобра слика за репрезентацијата за периодот кој следува. – рече селекторот Игор Ангеловски и додаде – Замените во вториот дел не го подигнаа нашето ниво на играта. Не сакам да ги обвинувам, но кога ќе ги ставам во игра очекувам да бидат меѓу најдобрите поединци.


Предводникот од клупата на „црвено жолтите“ изјави дека сериозно смета на младинските репрезентативци кои извлекоа сензационално реми со Франција. – Нив секогаш ги планирам за селекција, но сега така испадна да се поклопат мечевите.

Бугарија подобра од Македонија на „Филип Втори“ (видео)

OhridNews