Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски реагираше за грубата играта на словенците во пријателски меч во Копер кој и припадна на домашната селекција со минимални 1-0.


– Во првото полувреме функциониравме добро, но во вториот дел направивме принудни измени и малку се поремети нашиот ритам. Тие играа некоректно грубо. Не знам дали повредата на Пандев беше намерна или се работеше за обичен старт. После погодокот нивни пробавме неколку варијанти во нападот, но не успеавме да се спасиме од пораз. Имаме време за анализа пред мечот со Бугарија на кој ќе атакуваме на позитивен резултат. – рече селекторот Ангеловски.

Предводникот на „змајчеките“, Среќко Катанец не се сложи со неговиот колега од македонската репрезентација. – Не се согласувам дека игравме грубо. Не сум задоволен од првите 20 минути од мечот кога изгледавме многу лошо на теренот. Во репрезентацијата на Словенија гледам светла иднина и мора да продолжиме да работиме со исто темпо.

Минимален пораз на „црвено жолтите“ во Копер (видео)

OhridNews