Македонската фудбалска репрезентација в среда во 18 часот во Копер ќе одигра контролен натпревар со Словенија.


Селекторот на А репрезентација на распологање ги има сите играчи кои ги имаше вклучено во списокот за мечеот со „змајчеките“.

– Атмосферата во селекцијата е на завидно ниво, сите напорно работат на тренинзите што ветува многу за дуелот со Словенија. За мене како селектор најважно е што сите играчи кои ги повикав се здрави и подготвени се за борба на мечот со словенците. – рече селекторот Игор Ангеловски.


Македонија, покрај дуелот со Словенија ќе одигра уште еден контролен и тоа на „Филип Втори“ против Бугарија на 29 март.

OhridNews