Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, го отстрани од селекцијата Илија Несторовски, кој вчеравечер после погодокот од пенал против Лихтенштајн упати сочни пцовки. Несторовски се извини за неспортскиот потег, а Ангеловски во образложение даде дека не смее никој така да се однесува кога го носи националниот дрес.

На вчерашната средба со медиумите реков дека ќе коментирам кога ќе ја погледнам снимката. Денеска ја видов и веднаш донесов одлука да се отстрани Несторовски до составот за претстојниот натпревар со Германија. Мило ми што се извини, но онаков потег не смее да помине несанкционирано, – рече селекторот.

Македонија мечот со Германија го игра в среда,  на Арената во Дусбург. „Панцирите“ нашата селекција ќе ја пречекаат со максимален учинок по две одиграни средби, додека „црвено жолтите“ имаат скор од победа и пораз, во двата одиграни мечеви.

OhridNews