Натпреварот со Холандија во рамките од третата рунда во фазата по групи на Европското првенство беше последен фудбалски танц на Горан Пандев, но и на селекторот Игор Ангеловски, кој најави заминување од кормилото на А селекцијата.

Ќе можеме да дадеме генерална оценка, можам само да кажам дека беше огромно задоволство да се води Македонија на едно Европско првенство, да се претставиме на Европа заедно со нашите навивачи. Не треба да бидеме разочарани бидејќи ова беше наш дебитантски настап. Благодарност до целиот мој стручен штаб, кој работеше со мене овие пет години, на моето семејство за безрезервната поддршка која ја добив. Ова се моменти кои цел живот ќе ги паметам. Мојот договор со федерацијата завршува на 31.07, и оттогаш не сум селектор на македонската фудбалска репрезентација. – изјави селекторот Ангеловски.

 

Ангеловски не заборави да го поздрави Пандев со кого формираа дуо, кое ја водеше Македонија низ квалификациите, УЕФА лигата на Нации и баражот за влез на ЕП.

OhridNews

 

Видео: Шампионски поздрав за еден и единствениот Гранде Пандев! 

Депај и Вајналдум добитна комбинација за „лалињата“, Пандев се збогуваше со Македонија (видео)