Неуспешен почеток имаше Македонија во квалификациите за Светското првенство во Русија, откако претрпе пораз (2-1) од Албанија во Скадар.
„Црвено жолтите“ капитулираа во финишот односно во 89-та минута кога Беким Балај постигна гол за победа по нафрлувањето од прекршок.
– Не заслуживме да заминиме со празни раце од Албанија и ова навистина е многу жално. Жал ми е за фудбалерите кои од се срце посакуваат позитивен резултат. Најмалку бевме рамноправен противник со Албанија во текот на целиот натпревар и несреќно изгубивме по наша вина. Дефанзивата потфрли за двата голови, а имаше и пенал за нас во финишот кој можеше да го смени резултатот во наша полза. – изјави селекторот Игор Ангеловски по натпреварот.
Шанса за први бодови во групата Македонија ќе има против Израел во Скопје во втората рунда од квалификациите.
СП: Финишот кобен за Македонија против Албанија (видео)
СП: Македонија драстично оштетена во Скадар (видео)
OhridNews