Македонската фудбалска репрезентација остана со четири бодови на табелата во европските квалификации, откако на домашен терен претрпе два порази. Во третата рунда Полска славеше со минимални 1-0, додека Австрија во четвртата рунда од квалификациите победи со 4-1 во Скопје. „Црвено жолтите“ се наоѓаат на петтата позиција, а пред дуелите со Полска и Австрија беа на второто место.
– Не се загубени квалификациите, бидејќи сме на три бода до второто место. Хендикеп ни е што веќе одигравме три домашни натпревари, но ќе се обидеме да надоместиме на гостувањата. Потфрливме во дуел играта и во тркот. На тоа поле бевме надиграни, физички не се спротиставивме како што треба. До пеналот париравме, но потоа целосно се распаднавме. – изјави селекторот Игор Ангеловски.
Нашата најдобра А селекција во следниот циклус од квалификациите силите ќе ги одмери со Израел и Латвија на гостински терен.
OhridNews