После победата над Црна Гора (4-1), македонските репрезентативци треснаа силно на земја откако на домашен терен претрпеа пораз 1-0 од селекцијата на Либан.
– Селекцијата на Либан добро се бранеше, а ние немавме никаков одговор. Пробавме од прекини да ја пробиеме, но не успеавме. Во првото полувреме грешевме во додавањата што не е дозволиво против селекција која организирано се брани. Имавме и лош ден, голманот киксна примивме погодок и потоа беше уште потешко да се игра. Победа против Црна Гора и пораз од Либан во два меча, имаме доста за анализирање и време за поправање. – рече селекторот, Игор Ангеловски.
„Црвено жолтите“ ниту во вториот обид не успеаја да ја совладаат селекцијата на Либан која по триумфот сигурно ќе не прескокне на ФИФА рејтинг листата.
Либан ја врати Македонија во реалноста (видео)
Ohridnews