Ракометарот на Констанца, Бранислав Ангеловски и крилниот играч Владимир Темелков се првите ракометари кои отпаднаа од списокот на селекторот Ивица Обрван за престојното Европско првенство во Данска.
Долги години овие двајца искусни ракометари беа дел од селекцијата и имаа голем удел во успесите на машката ракометна репрезентација.
По изоставувањето на Ангеловски и Темелков останаа уште 21 ракометар од кој Обрван ќе одбере 16 кои ќе ги бранат боите на Македонија.
Мх.П.