Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски го објави списокот за престојните пријателски натпревари со Словенија и Бугарија на 23 односно 29 март.


Ангеловски на списокот за контролните натпревари ги вклучи Горан Пандев и Адис Јаховиќ кои по подолго време се меѓу репрезентативците.

Повратник во А селекцијата е и голманот Мартин Богатинов кој апстинираше поради падот на формата.

Списокот:

Голмани: Столе Димитриевски, Мартин Бпгатинов

Одбрана: Леонард Жута, Стефан Ристовски, Ванче Шиков, Кире Ристевски, Горан Силјановски, Мите Цикарски

Среден ред: Арменд Алими, Никола Глигоров, Агим Ибраими, Иван Тричковски, Остоја Степановиќ

Напад: Горан Пандев, Адис Јаховиќ, Илија Несторовски, Јован Костовски, Александар Трајковски.

OhridNews