Игор Ангеловски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, повика 18 фудбалери за првиот меч во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија, кој Македонија ќе го одигра во Скадар, против Албанија на 5.септември.


Од играчите кои Ангеловски ги повикуваше во националниот тим од почетокот на неговиот мандат, на списокот поради повреда го нема напаѓачот на Палермо, Александар Трајковски.

Селекторот на неговата позиција го повика Бесарт Ибраими кој блеска во дресот на Шкендија и еден од најзаслужните за добрите резултати на овој тим во Лига Европа.

Добрите настапи во Лига Европа му донесоа повик во репрезентацијата и на голманот на Шкендија, Костадин Захов.

Нови имиња кај Ангеловски се и Алијоски, Петровиќ и Спировски.

Македонскиот селектор првата прозивка ќе ја изврши на 29.август во хотелот „Гранд Плаза“ во 12 часот, а истиот ден репрезентативците ќе го обработат и првиот тренинг од 18 часот.

Голмани: Захов (Шкендија), Димитриевски (Гим Тарагона, Шпанија)

Одбрана: Шиков (Нефчи, Азербејџан), Жута и Ристовски (Ријека, Хрватска), Ристески (Вашаш, Унгарија), Мојсов (АЕК Ларнака, Кипар)

Среден ред: Спировски (Вардар), Петровиќ (Осијек, Хрватска), Стјепановиќ (Сласк Вроцлав, Полска), Ѓорѓиев (Грасхоперс, Швајцарија), Хасани (Шкендија), Алијоски (Лугано, Швајцарија), Агим Ибраими (Астана, Казахстан)

Напад: Пандев (Џенова), Бесарт Ибраими (Шкендија), Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Несторовски (Палермо, Италија).

OhridNews