Полската селекција и го нанесе првиот пораз на македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство победувајќи ја со минимални 1-0 во Скопје. Полјаците со триумфот на „Тодор Проески“ арената ја продолжија победничка серија и се одлепија на врвот од табелата во групата Г.
- Статистичкиот приказ кажува дека Полска постигна гол и победи со еден упатен удар на голот. Знам дека најважен е резултатот но пристапот и решителноста кај фудбалерите беше одлична. Истото ќе го повториме и на мечот со Австрија. Аплаузите после натпреварот најдобро говорат дека репрезентативеците пружиле се и не се штеделе. Што се однесува до мечот, полјаците профитираа од нашата единствена грешка и постигнаа погодок. Потоа мораше да менуваме тактички и да уфрлуваме играчи во нападот. Успеавме да креираме шанси, но Фабиански со неколку добри и сигурни одбрани спречи погодок. – изјави селекторот Игор Ангеловски.
Во понеделник нашата селекцијата ќе се сретне со Австрија која на домашен терен против Словенија славеше со 1-0 и ја забележа првата победа во групата. Мечот се игра во 20:45 часот.
OhridNews