Министерката за финансии Нина Ангеловска, денес, на прес конференција даде појаснување околу користењето на мерките за поддршка од Владата за намалување на последиците предизвикани од состојбата со коронавирусот.

Како што потенцира Ангеловска, мерката за финансиска поддршка од 14 500 денари за вработените за месеците април и мај, може да ја искористат сите компании кои имаат намалување на приходите од најмалку 30 отсто во месеците април и мај. Измена е што мерката ќе важи и за управители и сопствениците на компаниите.

Ангеловска информира дека компаниите може да ја користат оваа мерка заедно со мерката за субвенции на придонесите од Владата за покачени плати, а начинот на аплицирање е едноставен, преку системот на е-даноци на УЈП.

Ангеловска потенцира дека последици и промени во начинот на работа ќе има и не може да се очекува брзо враќање во нормала.

OhridNews