Нов незадоволен ракометар е голманот на Металург, Петар Ангелов. Популарниот “диви“ долги години беше член на македонската селекција заедно со Борко Ристовски.
– Разочаран сум…Навистина не знам зошто сум изоставен од репрезентацијата за ова СП. Нема образложение од селекторот каде го загубив репрезентативното место. Учествував во проектот „СП Шпанија“ во бараж-мечот со селекцијата на Австрија, а претходно и на ЕП во Србија. Знам дека никој не е вечен во спортот, но сепак треба да се образложи сето тоа. Сметам дека Шундовски ова го сторил по диктат на некој од страна – истакна голманот Петар Ангелов.
До почетокот на мундијалот во Шпанија остануваат уште три седмици, а ракометарите за неколку дена ги започнуваат подготовките кои ќе се одвиваат во Хрватска и Србија.