Чуварот на мрежата, Петар Ангелов е еден од најзаслужните за деветтата круна на „црвено црните“ од Купот на Македонија. Во финалето Вардар го совлада Металург со 30-28.
– Психолошки ни беше тешко да се вратиме по изгубената битка за титулата во националниот шампионат. Но, ете пак најдовме сила и инспирација и го освоивме трофејот во Купот на Македонија. Им честитам на Металург за фер и коректната игра и им посакувам многу среќа во Лигата на Шампиони следната сезона – рече популарниот „диви“.
За одличните перформанси во финалето Ангелов беше награден со признанието за најдобар голман.
Мх.П.