Награда од милион евра за обвинителот што ќе го уапси Никола Груевски, најави лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, на протестот,што се одржа денеска пред зградата на МРТВ, јавува „Макфакс“.

„Досега, да беа чесни и храбри, обвинителите ќе имаа притворено половина Влада. Додека ние секојдневно ги повикуваме да ги разбудиме обвинителите да постапуваат по закон, го повикуваме Груевски и министрите да си поднесат оставки, зошто само така, малку ќе го обелат извалканиот образ“, рече Ангелов.

Тој праша колку пари се украдени од проектот Скопје 2014, од гасоводот и другите инфраструктурни проекти. Ангелов најави дека ќе има протести секој ден во 19 часот, а секоја сабота ќе прави сè поголеми протести, бидејќи, како што смета тој, тоа е единствен начин да се ослободи МРТВ од партиските стеги.

OhridNews
извор:„Макфакс“