Пожарот на Илинска планина којшто трае неколку дена, и исклучително е тежок за гаснење затоа што зафаќа голема површина и создава црн и темен чад што ја отежнува работата на воздухопловите, а сериозна е состојбата и со пожарот кај селото Косел, охридско, изјави попладнево првиот човек на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов..
Третиот пожар којшто за жал е активен во овој момент е пожарот што започна кај охридското село Косел што се движи нагоре кон планината и за којшто имаме концентрирано повеќе сили рано утрово. Благодарност до локалната самоуправа, до Градот Охрид којшто дава се од себе со поддршка на локалните пожарникари и месното население да го стават пожарот под контрола, истакна тој.
Во гаснењето на пожарот во Охридско, покрај десеттици пожарникари и вработени во Национални шуми, НП Галичица, јавните претпријатија и доброволци со ангажирана механизација, од утрово се борат и хеликоптери и авиони.
Г.М.