Пожарот кој пред четири дена се појави на сртот на планината Галичица од албанска страна, по што се пренесе на македонска територија, се уште гори.
Во овие четири дена се слушнати вкупно околу 20 експлозии кои се предизвикани од неексплодирани мини и гранати, остатоци најверојатно од Првата светска војна. Овие гранати ја загрозуваат безбедноста и на воздухопловите, но и на лицата коишто би учествувале во гаснењето на пожарот поради што состојбата е исклучително чувствителна. Во овој момент гори само сува трева и ниска вегетација и во зависност од правецот на ветрот кој постојано се менува. Во овој момент пожарот не се движи кон пошумениот дел, односно во насока на Охридското и Преспанско Езеро, изјави денеска на прес конференција во Охрид директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Пожарот во овој момент делува наивно, но истиот доколку навлезе во шумата може да предизвика голема штета врз шумата од НП Галичица, поради што Главниот штаб ги прави сите напори да најде соодветен начин за совладување и гаснење на пожарот без при тоа да се изложат на опасност животите на членовите на посадата на хелихоптерите и животите на луѓето кои ќе учествуваат во гаснењето на пожарот додаде Ангелов.
Утре рано наутро прецизно ќе определиме, пред пожарот да дојде во шумата каде што претпоставуваме дека нема вакви експлозивни направи, да поставиме кордон пред се од луѓето од НП Галичица, но и Територијаната против пожарна единица, по потреба и од Дирекцијата за заштита и спасување коишто овде ќе се обидат да го совладаат пожарот пред истиот да навлезе во шумата. Воедно размислуваме за ангажирање на екипа од Дирекцијата за заштита и спасување која би извршила испитување на теренот на поширок појас над шумата и доколку се утврди дека таму нема неексплодирани експлозивни направи би можеле да направиме тампон зона каде пожарот би бил сопран, рече Ангелов.
Со сигурност не можеме да тврдиме на местото каде што горел пожарот во 2007 година дека нема неексплодирани еклозивни направи. На одредени места постои опасност во некои ровови да имаме повеќе 100 гранати и други еклозивни направи и при појава на експлозија истата може да биде многу силна и да предизвика загрозеност малку подалеку отколку кога би еклопдирана само една граната или мина. Доколку пожарот остане со вакво темпо поради пад на темепратурите и надморска височина од над 2000 метри може да дојде до негово загаснување, вели Ангелов.
Имаме контрадикторни информации и ги следиме сите. Хелихоптерите во овој момент не смееме да ги ангажираме да дејствуваат бидејќи се работи за голема надморска височина, отежнато е летањето на хеликоптерите кои треба да се спуштат до Охридското Езеро и повторно да се дигнат, ќе бидат многу спори и најбитното посадата не смееме да ја изложиме на ризик.Индициите кои ги имаме е дека пожарот е намерно запален од албанска страна, истакна Ангелов.
Првиот човек на ЦУК Додава дека не се препорачува движење во овој регион и дека од албанска страна се уште не е преземено ништо за гаснење на пожарот.
Н.С.Ј.