Еден од поискусните ракометари на Вардар, голманот Петар Ангелов повикува на внимателност пред првиот меч од групната фаза во Лигата на шампиони, што неговиот тим ќе го одигра во сабота на гости кај Цеље.
„Во сабота го играме еден од потешките натпревари годинава. Тоа е прв натпревар од овогодишната Лига на шампиони и треба да бидеме внимателни. Цеље е доста добра млада екипа, има врвни ракометари и на домашен терен знаат да ги искористат шансите. Мораме да бидеме претпазливи и да се обидеме со добра одбрана и брзи поконтри и контри“, изјави Ангелов за Макфакс.
Tој смета дека доколку Вардар победи во сабота во првото коло ќе има реални шанси да се најде меѓу првите 16 екипи во Лигата на шампиони.
Покрај Вардар и Цеље, во групата настапуаат и Веспрем, Рајн Некер Левен, Монпење и Чеховски Медведи, а првите четири екипи ќе обезбедат пласман во следната рунда.
„Макфакс“