Одличен настап на охридскиот спортист, шампион во планинско трчање Дејан Ангелоски, член на АК „Охрид Трчат“, во националниот дрес на Македонија на Балканското првенство во планинско трчање во Романија.

И покрај повредата која го следеше во текот на целата трка, Ангелоски го освои 6-то место, информираат од клубот.

На почетокот на месецов Ангелоски забележа инзвонреден резултат на полумаратонот во Дубровник, Република Хрватска, каде освои трето место.

OhridNews