Нашиот шампион во планинско трчање, Дејан Ангелоски, викендов ја претставува Македонија на европското првенство во Skyrunning Pisão Extreme 2021 кое се одржува во Португалија.
Македонската скајранинг репрезентација со четворица натпреварувачи учествува на европското првенство во Португалија во популарните дисциплини SKY и SKY Ultra.
Дејан Ангелоски – двократен државен шампион за 2020 и 2021, македонски рекордер во вертикален километар и најголема надеж во планинското трчање и скајранингот во Македонија.
Александар Кирковски – државен вице-шампион во скајранинг за 2020 и 2021, македонски пионер во брзинското искачување на бројни високи планини.
Марјан Бонев – државен вице-шампион во скајранинг за 2019-та, долгогодишен планински тркач на кратки и средни патеки, меѓу најуспешните македонски маратонци.
Никола Илиевски – третопласиран на државните првенства во скајранинг и вертикал за 2021 година, успешни настапи на различен профил на планински трки, информираат од Скајранинг МКД.
Ова е второ учество на Македонија на европските првенства во скајранинг, а трето на големите натпреварувања.
OhridNews