Од мали нозе е со кошаркарската топка и со кошарката која и влегла под кожа. Ивана Ангелоска (19) бекот шутер во охридската Билјана 006, се соочува со својата прва сериозона повреда која подолго ќе ја оддалечи од кошаркските терени.

Кошарка играм од мојата седма година, а во последниве години и професионално се занимавам со овај спорт – ни рече  Ангелоска, при нашата посета со остантиот дел од екипата на Билјана.


Ангелоска на последниот натпревар на охриѓанки во Куманово се здоби со повреда на левата нога. Ивана го свитка скочниот зглоб кој предизивка дисторзија на менискусот. Лекарите допрва треба да и ја одредат терапијата и начинот на кој ќе закрепнува од повредата.

Ногата ми е во лонгета и многу ме боли. Треба да одмарам 10-на дена, по што ќе добијам точна дијагноза, а потоа следи физикална терапија која ќе треае месец   – вели Ивана, за која доста веројатно оваа сезона е завршена.

По заминувањето од Куманово, никој ниту од кумановскиот клуб ниту од своите противнички не ја побарал да ја праша ако не друго барем како се чуствува.

Од Куманово не ми се ни јавија да ме прашаат како сум, ниту да ми се извинат – завршува Ангелоска.

Ohridnews и посакува што по брзо заздравување и успешно враќање на кошаракарските терени.

М.Постоловски