Ракометарите на Преспа го претрпеа првиот пораз (29-22) во Супер лигата сезонава откако го положија оружјето пред охридските ракометари во „Билјанини Извори“.

– Екипата на Охрид донесе екстра засилувања кои го подигнаа квалитетот на играта и тоа веднаш носи резултати. Победата на Охрид е чиста како солза сосема заслужена и јас им честитам. Ние ќе се фокусираме сезонава на опстанок во Супер лигата и мислам дека ќе го избориме – рече гостинскиот стратег Иван Анѓелкоски.

„Црно жолтите“ остануваат на трите бодови кои ги освоија во првата рунда победувајќи го Пелистер.

 

Фото : Емилио
Мх.П.