Кајак и кану федерацијата на Македонија на мирни води ги избра најдобрите за 2006. Изборот који се случи во Струга мина во апсолутна доминација на кајак кануистите на „Црн Дрим“.
Македонската федерација во изборот за топ кајакар ги вреднуваше резултатите од државните првенства и куп натпреварите од изминатата година.Според тоа федерацијата како најперспективен за минатата година и оној од кого најмногу ќе се очекува во тековната сезона го избра Јован Чакарески од клубот Дрим. Престижното признание „Кајакар на годината“ во Македонија му припадна на уште еден член на струшкиот кајак-кану клуб „Дрим“ Анѓелко Лазороски.
„Презадоволен сум од признанието које во иднина ќе ми даде дополнителен мотив што подобро да го представувам клубот и државата“– изјави Лазароски инаку е стипендист на Македонскиот Олимписки комитет (МОК) и се надоврза дека главна цел во кариерата ќе му биде да избори пласман на олимпијадата во Пекинг во 2008 или во Лондон во 2012-та година.
Стружаните доминираа и екипно во најдобрата конкуренција имаа седум натпреварувачи од прворангираните десет. Зад нив се пласираа кајак – кану клубовите „Радика“ од Дебар и „Стрмец“ од Охрид. „Задоволството од екипната титула е огромно од проста причина што работиме во исклучително тешки финансиски услови“ – меѓу другото вели претседателот на клубот Климе Нанушески.
На изборот кајак и кану федерацијата го презентираше и календарот за натпреварувачката 2007,покрај ова тие ќе мора да се сконцентрираат на решавање на горливиот проблем, под капа на федерацијата да се вратат клубовите који истата ја напуштија и формираа своја паралена федерација.
Ненад Цветанов