Убавиците на Викторија Сикрет снимиле нова реклама на костими за капење и тоа на тој начин што своите тела ги покажуваат пеејќи ја песната “Woman”  на Марун 5. Компанијата Викторија Сикрет лансирала уште една провокативна реклама за својата најнова колекција на костими за капење, во која главните улоги ги имаат најубавите манекенки на светот.


Кендис Свонпул, Линдзи Елингсон, Барбара Пелвин, Лаиш Рибеиро, Сара Сампајо, Карли Клос и Ерин Хедертон ги покажале своите провокативни фигури, а друштво им правела Бехати Принслу, девојката на фронтменот на групата Марун 5, Адам Левин.