Едни од најубавите жени на светот, како што ги нарекуваат моделите на Викторија Сикрет, одработиле тешка задача – на “само“ -12 С степени, го снимале новиот каталог во бикини и лесна облека, и со тоа докажале дека се вистински професионалки.
Адријана Лима и Александра Амброзио очигледно имаат висок праг на толеранција, бидејќи, и покрај ладното време, насмеани го завршиле снимањето на новиот каталог во Санта Моника.
Во лесна облека, па дури и во бикини, девојките изгледале сензационално додека се труделе да остават подобар впечаток кај фотографот, но и на случајните минувачи кои ги гледале со чудење. Со оглед на тоа дека се работи за пролетна гардероба, моделите носеле едноставни парчиња облека, со силни детали, баш како што замислиле дизајнерите за оваа сезона.