Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на која судија во претходна постапка и одреди мерка притвор од 30 дена во случајот „Рекет“, исто така со одобрение на судија со полициска придружба од Истражниот затвор во Скопје утрово отпатува во Гевгелија на погреб на нејзината мајка која почина вчера.

Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека се стекнала со противправна имотна корист бидејќи влијаела за ослободување од притвор и враќање на патна исправа на осомничен во случајот „Империја“ на СЈО за кој дала предлог да му се олесни положбата со негово прифаќање за сведок во постапката.

OhridNews