Бред Пит и Анџелина Џоли монетално го снимаат заедничкиот филм  “By the sea”, а сценариото и режијата на ова остварување ги потпишува токму славната актерка. Во филмот Бред и Анџелина глумат брачен пар кој минува низ криза, а на социјалните мрежи фановите веќе ги поставиле првите фотографии од снимањето.

Дејството на филмот е сместено во Франција кон средината на седумдесеттите години од минатиот век, а актерката го толкува ликот на Ванеса, поранешна танчерка, додека Бред го игра нејзиниот сопруг, американски писател. Ова ќе биде втор заеднични филм на Бред и Анџелина. Освен што многумина ќе се радуваат што повторно ќе ги видат заедно на филм, актерката за потребите на снимањето станала русокоса.