Холивудската актерка и амбасадорка на УНИЦЕФ Aнеџлина Џоли е на „турнеја“ низ Африка како би известувала за проблемите со злоставувањето на жените во областите кои се погодени од војните. Сметала дека не е паметно да оди во посета на Африка со дијамантски прстен, па го симнала. Таа рекла дека е невкусно пред луѓето кои умираат од глад да се шета со луксузен прстен.


Затоа нејзиниот вереник Бред Пит ја изненадил со симпатичен љубовен гест. И подарил скромен тенок златен прстен кој неговата прабаба го носела на свадбата. Рекол дека тоа е само уште еден симбол и доказ на нивната вечна љубов. Додал дека Анџелина е негова сопруга во срцето, а тоа наскоро ќе било и официјално.