– Направивме доста измени во составот на тимот, па преку серија контролни натпревари ги пикириавме најдобрите 11. Подготвителниот период го искористивме да одиграме тест – средби со екипи кои беа на подготовки овде во Охрид и од она што го прикажавме мислам дека сме над нивото кое го бара оваа конкуренција – истакна Андрески.
Охриѓани на стартот на првенстовото ќе играт против Кожув кого со 2-1 го совладаа во првиот дел.
– Наша цел во текот на првенстовото ќе биде да ја наметнеме нашата игра кој негува напаѓачка филозофија – завршува Андрески .
Натпреварот кој ке го води Димитар Мечкаровски се игра со почеток во 14 часот.
На останатите натпревари играат Брегалница – Локомотива , Маџари с. – Беласица , Скопје – Новаци , Шкендија – Слога , Вардар д. – Тетекс , Миравци – Цементарница.