Андреј Стојаноски од скопскиот клуб Бета триумфираше на 37-то издание на Илинденскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува на 2 август во водите од Охридското езеро. За Стојановски ова е четврт триумф вкупно на „малиот маратон“.


Стојаноски, делницата од 2.5 километир од Х.Парк од Градското пристаниште ја мина за 32 минути, 53 секунди и 51 стотинка и се закити со златен медал во сениорска конкуренција и во севкупен пласман. 


Златниот медал во женска конкуренција замина во рацете на Стефани Тримчевска од клубот Делфин која патека ја помина со време (41.44.34).



Во конкуренција за пливачи и пливачки до 16 години победија Андреј Стојаноски (37.36.54) односно Калина Захариева (32.08.87).

На 37-то издание од Илинденскиот пливачки маратон учествуваа вкупно 52 пливачи во четири категории. Маратонот го завршија сите пријавени на старт учесници, а охриѓаните ги предводеше Милан Китевски.

Пласман:

Машки (над 16 години):

1. Андреј Стојаноск – Бета (32.53.51)
2. Мартин Тодоровски – Бета (33.45.58)
3. Леонид Мишевски – Бета (36.39.06)

Жени (над 16 години):

1. Стефани Тримчевски – Делфин (41.44.34)
2. Ели Темелковска – Охрид (54.27.33)

Машки (под 16 години):

1. Андреј Стојаноски – Бета (37.36.54)
2. Кристијан Стојаноски – Орион (40.27.24)
3. Андреј Трпевски – Орион 40.30.34

Женски (под 16 години):

1. Калина Захариева – Бугарија (32.08.87)
2. Јана Милковска – Бета (38.48.90)
3. Миа Еминова Блажеска – Бета (40.27.24).

Мх.П.