Македонските ракометарки не го криеја разочарувањето по поразот од Шведска кој не оддалечи од можноста да играме за петтото место.

Голманот Тања Андреева истакна дека нема што да жалиме и дека не очекува уште еден натпревар.

– Толку блиску но толку далеку, нема што да жалиме,го дадовме максимумот но среќата не не послужи. Неколку удари во финишот место во голот завршија во гредата. Останува можноста кога не можеме да го направиме најголемиот успех барем да го повториме успехот на генерацијата пред нас.

Слекторот Глигоров одлучувачки во поразот го оцени периодот кога Шведска се одлепи на плус три , разлика по која не успеавме да се вратиме.

Таков е спортот, некој мора да загуби. Ја имавме играта во своите раце се до моментот кога се одлепија на +3, на крајот стигнавме до мининален пораз.

Мислите се вртат кон мечот против Белорусија кој може да не однесе до седмото местона ЕП .

М.Постоловски