Македонските ракометарки беа пресреќни по големиот успех, кој преставува израмнување на успејот на генерацијата во 1997 година кога на СП во Германија завршивме истотака седми.
– Ова е најголемиот успех на било која женска репрезентација на Македонија. Направивме историски успех- рече Андрејева.
– Наша цел беше да ја минеме групата, сепак направивме поголем успех. Можевме да направиме и чекор понапред, но немавме среќа во вчерашниот натпревар. И благодариме на најдобрата публика на светот, за поддршката која безрезервно ни ја даваше, а без која немаше да го освоиме ова високо седмо место – изјави Црвенковска.