Релативно е стабилна состојбата на хоспитализираните пациенти од несреќата во Кочани кои се сместени во болниците во Македонија и во болниците надвор од државава, рече на денешната прес конференција Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски.
На Клиниката за пластична хирургија во моментов се хоспитализирани 17 пациенти, на Токсикологија 13, на Торакална 4, на Траума 2, на Детска хирургија 4, во КАРИЛ има 14 пациенти, во стара Градска болница има 12, во „8-ми Септември“ 18, во Штип се останати 3, на Пуломологија 2. Вкупната состојба е 89 пациенти згрижени во Македонија. До утрово имаме вкупно 76 пациенти кои се пренесени на лекување во странство. Последни се транспортирани ноќеска во Хрватска 2, во Атина 3, во Виена 2 и во Словенија двајца пациенти. Планираме препраќање на уште неколку пациенти и сме во преговори со Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија, рече Андовски.
Заменик министерот информира дека утрово имал состанок и со докторите кои од Белгија пристигнаа во Македонија за да помогнат со лекување на најтешките пациенти.
Од Израел има пристигнато 7, а денес ќе стигнат уште 10 доктори кои ќе бидат прераспределени како на Клинички и во 8-ми Септември. Имаме и доктори од Чешка и од ВМА. Во болница во Анкара, Турција се згрижени шест пациенти. Кога биле примени сите биле интубирани, а веќе денеска, пет од шестмина се екстубирани и дишат самостојно, соопшти Андовски.
На Клиниката за токсикологија во Скопје се хоспитализирани 18 пациенти, од кои 4 заради влошување на состојбата се префлени на КАРИЛ.
Од нив тројца ќе бидат префрлени на клиниките во странство. Од тие што се останати 13 пациенти, кај 4 состојбата сеуште не е стабилна. Но, бидејќи се работи за изгореници на долниште дишни патишта, но и акутно тешко труење со штетни гасови, очекуваме да има можни компликации во наредните денови. Сите сме мобилни имаме појачи екипи и мислам и се надевам дека се ќе биде во ред, соопшти директорот д-р Андон Чибишев.
Од медицинскиот тим на КАРИЛ беше посочено дека сите пациенти се во стабилна состојба. Неколку пациенти на кои им се влошува состојбата, но не се во тешка состојба ќе бидат транспортирани на клиниките во Словенија, Полска, Австрија, Италија и Хрватска. Станува збор за 8 пациенти. Воедно посочуваат и дека сите екипи кои доаѓаат од странство се со авиони кои може да се користат за транспорт.
На прес конференцијата беше посочено дека пациентите доколку има потреба ќе се транспортираат во клиники во подалечните земји бидејќи во соседните веќе се скоро изсцрпени капацитетите.
Н.С.Ј.