-Одлуката на општинската организација на Либералната партија во Охрид на претстојните парламентарни избори да ја поддржи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, нема  никаква важност бидејќи е против статутот на Либералната партија според кој општинските организации немаат право одвоено  да одлучуваат и да потпишуваат такви договори.

Ова во изјава за Ohridnews, го вели лидерот на ЛП, Стојан Андов.  Тој негира дека 21 општинска организација потпишале таков договор, туку дека се работи само за неколку организации.

„Сите наши членови кои добија некоја директорска функција или бизнис сега се под страотен притисок на ВМРО ДПМНЕ и за да ги зачуваат своите позиции сега тие во име на членовите на ЛП потпишуваат некакви договори кои немаат никаква основа“, рече Андов.

Според  него ваквиот договор претставува недемократски чин за што ја обвини ВМРО ДПМНЕ. Андов тврди дека потегот на општинската организација во Охрид нема да влијае врз останатите членови на  либералната партија кои како што рече активно се вклучени во кампањата на коалицијата „Сонце“.


Андов денеска во Охрид

Ohridnews

повеќе за изборните активности во Охрид:
„Избори 2008“