Во „Билјанини Извори“ лидерот во Супер лигата, Зомимак ја потврди фаворитска улога победувајќи го Охрид без поголеми проблеми.


– Имавме два црни периоди на стартот од двете полувремиња кои не оддалечија од било каков поволен резултат. За разлика од останатите натпревари на овој функционираше нападот особено брзиот центар и полуконтрата што секако дека е голем плус за нас за следните мечеви. Не очекува меч со Радовиш на гостински терен од кого ќе зависат многу работи понатаму – потенцираше Горан Андоновски.

Поразот од Зомимак беше трет за охридските ракометари на домашен терен кои веќе четири натпревари незнаат за победа пред својата публика.

Фото : Емилио
Мх.П.