Со победата над Преспа 26-20 охридските ракометари широко ги отворија вратите за опстанок во суперлигашкото друштво.

– Моите играчи толку многу ја посакуваа победата што беше неверојатно и невозможно да не победиме. Со игра во одбраната како што прикажавме во дуелот со Преспа освојувањето на трите бодови беше лесна задача. Им благодарам на „Рибарите“ и охридската публика која несебично не бодри на секој натпревар – рече тренерот Горан Андоновски.

Во третата рунда од плејаут лигата пред охридските ракометари престои гостување кај тимот на Радовиш.

Мх.П.