– Последните три натпревари кои ги добиваме, играме фантастично во нападот и одбраната – изјави тренерот на охриѓани Горан Андоновски и додаде. Не е мала работа да се совладаат три поранешни суперлигаши Драчево, Прилеп поранешен Тутунски и Младост од Богданци кои порано биле поим за ракомет – посочи Андоновски.


Ритамот на играта и резултатот беа во потполна контрола на охридските ракометари. Стратегот на “гладијаторите“ се реши во последните минути од натпревари да им даде шанса на помладите.

– Резултатот и ситуацијата на теренот ми даде шанса да ги внесам младите ракометари на теренот. После 45 минути играње не дојде до опуштање само кај нас него и кај судиите кои имаа многу дискутабилни одлуки. Нашиот ракометар Јованоски постигнува погодок можеби прв пат во животот. Судиите не го признаваат и досудуваат престап и не само тоа. Тоа не е добро за ракометот и за младите надежи кои ние ги имаме – рече Андоновски.


Во седмата рунда од првата лига ракометарите на Охрид го играат мечот на полусезоната против “езерскиот“ ривал Струга.

– На гостувањето во Стурга на располагање ќе го немам Трифуноски кој е еден од поискусните ракометари. Тие се лидери на табелата. Ние на тој меч ќе влеземе опуштено бидејќи нема што да изгубиме.  Ќе биде тешко, но вреди да се пробаме – заврши Андоновски.

Мх.П.