Во десеттата рунда од Супер лигата охридските ракометари ги очекува дерби средба пред своите гледачи со екипата на Прилеп.


Поради немањето електрична енергија во „Билјанини Извори“ ракометарите на Охрид тренинзите ќе ги одработуваат во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти.

Таму охридскиот стратег Горан Андоновски ќе ја кова победничката тактика бидејќи охриѓани веќе два меча во Супер лигата немаат победа.

В сабота на мечот со прилепските ракометари 25 години од своето постоење ќе прослави охридската навивачка група „Рибари“, која ќе го обои Охрид во сино.

Мх.П.