Беше дел од македонската репрезентација на двете големи натпреваувања на кои учествувавме, 12 пати го носел дресот на младинската репрезентација на Југославија, а има преку 100 настапи за македонската националан врста.
Охриѓанецот Горан Андоновски, кој беше дел од македонската ракометна историја со драги спомени зборува за времето поминато на ЕП во Италија и СП во Египет. Одличната атмосфера во тимот е клучниот фактор за успех смета Андоновски, кој вели дека Македонија не по своја вина се најде во најтешката група на СП во Хрватска.
– Тоа што се најдовме во група со ракометни велесили сметам дека може да биде мала предност, бидјки очекувам големите да не потценат и тука да ја искористиме нашата шанса. Такво нешто му се случи на Исланд па видовте како заврши. Нема да биде лесно но нашиот тим е е составен од ракометари кои својот леб го заработуваат во странство , кои се професионалци и знаат како да ја одработат задачата. Ние “растеретени“ без резултатски императив патуваме во Хрватска да се надигруваме па тоа е нашата предност.
Доста тешко е да се направи паралела од онаа селекеција која пред десет години го вееше македонскто знаме и оваа сега, сепак Андоновски ги потенцира лидерските спосбности тогаш на Манасков а сега на Лазаров.
– Македонија и тогаш и сега има лидер во тимот што е од исклучителна важност за еден тим. тогаш тоа беше Пепи Манасков, сега тоа е Кире Лазаров. Очекувам голема подршка за Кире на овај мундијал од останатите репрезентативци. Една од суштинските разилки помеѓу овие две репрезентации е тоа што тогаш само Манасков играше надвор, а сите остатните играа во македонското првенство кое небеше за потценување, додека сега ситуацијата е обратна, па поголемиот дел од репрезентатиците имаат акумилирано интернационално искуство.
Играњето на големо натпеварување за својата земја за еден ракометар е врвот во кариерата, смета популарниот “Усташ“, кој службено ќе биде отсутен во деновите кога се играат натпреварите.
– Патот ме води низ Хрватска, па лесно мозе да “скокнам“ да изгледам еден натпревар – завршува Горан Андоновски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com