ГРК Охрид утре на мегдан со шампионот Вардар во рамки на петтото коло од Супер лигата. На денешната прес конференција тренерот на ГРК Охрид, Горан Андоновски по повод утрешниот натпревар истакна дека утре не очекува празник на ракометот во Охрид каде гостува Вардар кој сеуште е најдобриот клуп во државата кој ги освојува сите шампионски Куп титули.

 

Имаме клуб кој рамноправно се натпреварува со сите најдобри екипи во државава. Не се плашиме ни од Вардар, ќе дадеме се од себе, се спремаме. Можам да речам и дека спиеме во салата, гледаме видеа, тренираме, се подготвуваме како и за секој натпревар. Одиме да играме еден одличен натпревар, може да изгубиме и десет разлика, а може и да победиме, даваме се од себе на тренинзите и на натпреварите. Така ќе биде ве уверувам и утре. Охриѓани имаат што да видат кога ќе дојдат. Ќе дадеме се од себе за еден добар натпревар. Се надевам дека од натпревар во натпревар играме се подобро. Ќе го обезбедиме тој Плејоф за на зима и напролет со уште подобра и поуиграна екипа секоја втора недела ќе е празник за ракометот во Охрид.

Првите четири кола покажуваат дека ГРК Охрид има најдобри одбрани во Лигата, а како ќе играме ќе покаже утрешниот натпревар, додаде Андоновски.

Ќе наметнеме се надевам жестоко темпо и во одбрана и во напад. Очекувам жесток натпревар и ме радува што моите амбиции се поклопуваат со амбицииите на играчите, истакна Андоновски.

Помошник тренерот, Наум Бабачев рече дека Охрид во сите натпревари досега никој не го надиграл.

Се надеваме дека така ќе остане и со Вардар, бидејќи нашето спремање, на екипата во целост е тоа. Ние имавме ситни неколку грешки во напад каде на сите натпревари одлучуваа минимални нијанси, така да на сите изгубени натпревари досега промшивме најмалку голови и целата наша игра е заснована врз одбрана, трчање, напад, брза игра и така мислам дека ќе остане и понатака, додаде Бабачев.

Натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот.

 

Н.С.Ј.

видео. К.С.