„Гладијаторите“ со триумфот во Велес против Борец го заокружија маратонот во Супер лигата каде одиграа четири натпревари за десет дена.


– Играчите со надчовечки напори го одиграа мечот Борец и немам што да им речам освен да им честитам за нивната желба, волја и издржливост. Охрид никогаш не бележел вакви резултатите во Супер лигата и можам слободно да кажам дека сите заедно (ќе) пишуваме историја во охридскиот ракомет. – рече Горан Андоновски.


Во четирите мечеви охриѓани забележаа три победи над Пелистер, Радовиш и Борец, а претрпеа пораз само од Металург.

– Тимски сме посилни од се што ни создава проблеми. Ја надминавме повредата на Мите Караиванов, а и заморот кој беше видлив на овој меч со Борец. Сега прво ден-два ќе одмориме, а потоа ќе почниме со подготовките за дерби мечот со Прилеп кој се надевам ќе го одиграме пред полна сала. – додаде Андоновски.

Охриѓани го освоија целиот плен во Велес

Мх.П.