Натпреварот во „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Радовиш го оправда епитетот дерби на колото во Супер лигата. Бодовите останаа во Охрид откако домаќините славеа со 27-26.
– Мојата констатација пред натпреварот со Радовиш се потврди дека ќе дерби во вистинска смисла на зборот. Беше многу тешко да се гледа од трибините овој натпревар, а од клупата беше неверојатно. Моите момци се бореа одиграа безпоштедно иако немавме свој ден во нападот. Трите бодови од дуелот со Радовиш се многу големи и значајни за остварување на нашите амбиции сезонава – рече Горан Андоновски.
Немаше да биде незаслужено ако гостинскиот состав освоеше бод на мечот со „гладијаторите“.
– Секоја чест за Радовиш за брзиот центар, кој ни создаде многу проблеми. Ние кондиционо издравме до крај и најважно е што бодовите останаа во Охрид. Од натпревар во натпревар ќе се поправаме во играта, а се е добро кога ќе се заврши со победа – додаде охридскиот стратег.
Мх.П.